Реакција по повод забраната за емитување на македонска музика од страна на ЗАМП

                СОКОМ-МАП ја информира јавноста дека дека во соопштението на ЗАМП се изнесени бројни невистини информации во врска со нашата организација. СОКОМ-МАП е основан од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ, во која пристапија голем број автори незадоволни од работата на стручната служба на ЗАМП.
            Ова е уште еден обид на ЗАМП за вршење притисок врз надлежните институции со цел оневозможување на функционирањето на СОКОМ-МАП и дејствување на сите незадоволни автори кои утврдиле и пријавиле бројни неправилности во нејзината работа. Недозволиво е стотина автори да носат одлука во име на сите 6000 македонски автори и носители на авторски права.
             Го повикуваме Министерството за култура итно да и ја одземе лиценцата на ЗАМП и да овозможи непрeчено користење на делата на македонските автори од страна на радиодифузните организации, и да избегне понатамошно трошење на авторските средства поради најавените тужби од корисниците и непочитување на договорните обврски на ЗАМП кон нив. 

Категории