Сакате јавно и легално да користите музика, без разлика дали се работи за понуда на веб страници, радио или ТВ програми, концертни изведби, угостителски објекти или други деловни простори, потребно ви е одобрување од авторите на музичките дела и останатите носители на правата. Преку соработка со сите носители на правата (и нивните здруженија), нивното користење е едноставно. 
Стручната служба на СОКОМ-МАП ќе ви овозможи едноставна процедура за стекнување дозвола како и прифатливи тарифи за користење на музичките дела. 

СОКОМ-МАП е во процес на усвојување на Правилник со тарифа наменет за корисниците на музичките дела, објавен на нашата веб страна и јавните гласила. Очекуваме ваши конструктивни предлози кои би биле земени предвид од органите на СОКОМ-МАП.