СОКОМ-МАП ги остварува интересите на авторите на музички дела на територијата на Република Македонија. Со ополномошување на СОКОМ-МАП да ги остварува Вашите мали и механички права, станувате член на нашето здружение. На тој начин имате можност да ги евидентирате изведбите на своите композиции и да добивате авторски хонорар кој законски Ви следи како носител на авторско право. Придружете ни се и станете наш член!

Доколку станете наш член, ние за Вас ќе можеме:
- да даваме одобрување за јавно користење на Вашите дела;
- да пропишуваме односно договараме висина на авторски надоместоци, да вршиме наплата, да пропишуваме акти и да вршиме распределба на прибраните средства;
- да покренуваме судски и други постапки во интерес на остварување на колективната заштита на авторите;
- да вршиме други работи поврзани со колективното остварување и заштита на вашите авторски права;

Сите членови на СОКОМ-МАП ги имаат следните привилегии:
- да бидат бирани и да бираат претставници во органите на управување на здружението;
- да добиваат бесплатни правни совети;
- да бидат информирани за сите наши активности;